Холанѓани го кршат туристичкиот мраз во Грција: пристигнаа на Родос на тест-одмор под строги мерки

Од:

Со чартер лет, 189 туристи од Холандија, попладнево пристигнаа на грчкиот остров Родос, како дел од експеримент и пилот-програма во пресрет на новата туристичка сезона, објавија грчките медиуми.

Седумдневниот одмор на Холанѓаните, сепак ќе биде поразличен и под посебни правила и прописи, како што се неколку тестирања за Ковид-19, но и забрана за излегување од хотелот во кој ќе бидат сместени и во кој нема да има други гости.

Три дена пред поаѓањето, но и три дена пред заминувањето ќе им биде направен ПЦР тест, а во меѓувреме ќе бидат тестирани и со рапид тестови.

Пилотската програма е во рамките на експерименталните проекти на холандската Влада околу коронавирусот, а тест-одморот на Родос е во соработка со туристичка агенција.

Можност за пријавување имале лица од 18 до 70 години, а според медиумите биле пристигнати 189-те лица биле меѓу 25.000 пријавени, а избраните туристи сами си ги покриваат трошоците за патувањето во висина од 400 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески