Хоџај побара од Могерини поголем притисок врз Србија

Од:

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај престојува во дводневна посета на Брисел и Стразбур, каде ќе има средби со првите луѓе на највисоките институции на ЕУ и Советот на Европа.

Првата средба, Хоџај ја имаше со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, со која разговарле околу последните политички случувања во Косово, регионалните предизвици, либарализацијата на визите и односите меѓу Косово и ЕУ.

Како што пренесува весникот „Експрес“, Хоџај добил силна политичка поддршка од ЕУ за Косово, неговите институции и спроведувањето на дијалогот со Србија.

Тој, според истиот извор, побарал ЕУ да примени посилен притисок кон Србија за да ги спроведе потпишаните договори и да го услови нејзиниот натамошен напредок на европскиот пат со признавањето на Косово.

– Имав многу добра и содржајна средба со шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Разговаравме за многу прашања од политичките случувањање, не само во Косово, туку и во регионот како и односите Косово-ЕУ по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација. Ја нагласив потребата од поголем притисок врз Србија во спровдувањето на постигнатите договори и нејзино условување на европскиот пат, доколку и понатаму има блокирачки однос кон Косово, изјави Хоџај.

Посебно внимание на средбата било посветено и на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, при што Хоџај ја нагласил целосната подготвеност и волја на Владата на Косово за што поитно спроведување на договорот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски