Хоџај: Косово никогаш не било ниту ќе биде дел од Србија

Од:

Шефот на косовската дипломатија, во заминување, Енвер Хоџај, му возврати на новиот српски претседател Александар Вучиќ, изјавувајќи дека Косово никогаш не било дел од Србија.

Реакцијата на Хоџај следува по заклетвата на Вучиќ како претседател на Србија, кога тој изјави дека „Србија нема да се откаже никогаш од Косово и Метохија“.

-Вучиќ не е само лажго,туку тој исто така испраќа негативни сигнали за регионот користејќи идентична реторика кон Косово, изјави Хоџај.

Тој уште додава дека Вучиќ ни најмалку не ја сменил реториката на неговите претходници и оти Косово никогаш не било дел од Србија и никогаш нема ни да биде.

На изјавата на Вучиќ реагираше и косовската амбасадорка во САД, Влора Читаку, изјавувајќи дека менталитетот на новиот претседател на Србија „останал во времето на Милошевиќ“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари