Хашкото обвинителство денеска почнува со завршните зборови во судењето на Ратко Младиќ

Од:

Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска го почнува излагањето на завршните зборови во судењето на Ратко Младиќ, обвинет за геноцид, прогон, истребување, убиства, депортации и присилно преселување, како и за злосторства против човештвото, јави Танјуг.

Завршните зборови на обвинителството се планирани и за вторник и среда, 6 и 7 декември, по што и одбраната ќе ги изнесе своите аргументи, почнувајќи од 9 декември, а заклучно со 12 и 13 декември.

Секоја од страните во процесот, во четврток, на 15 декември, ќе има по час и половина за одговор, претходно беше најавено од трибуналот во Хаг.

Кон крајот на октомври и одбраната и обвинителството поднесоа пишани поднесоци од завршните зборови.

Судењето на генералот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, почна во мај 2012 година.

Една година порано, по 12 години криење, тој беше уапсен во Србија и беше испорачан во Хаг.

Изведувањето на доказите против Младиќ обвинителството ги заврши во февруари 2014 година, додека одбраната своите докази ги претставуваше од мај 2014 година до 16 август годинава.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Ратко Младиќ заврши во болница во Хаг: „Животот му е во опасност“