Хан во посета на Србија, поддршка на реформите и евроинтеграцијата

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан вчера и денеска престојува во посета на Белград, во рамки на која ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ и со претставници на новиот владин состав. 

Целта на посетата е еврокомесарот да разговара за натамошните чекори на Србија на патот кон Европската унија, како и да ја изрази силната поддршка на ЕУ за реформската програма и процесот на европските интеграции на Србија, соопшти Делегацијата на ЕУ во Србија.

Хан додаде дека во рамки на пристапниот процес претставниците на ЕУ ќе се фокусираат на работа со српските власти на важни теми како јакнење на владеењето на правото, регионалната соработка и процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

– Сакаме да понудиме техничка и финансиска поддршка за да продолжи фискалната консолидација, да се поттикне економскиот раст и да се обезбедат подобри можности за компаниите, особено за младите претприемачи и за младите воопшто, рече Хан.

Тој денеска ќе се состане со Вучиќ и ќе се обрати до членовите на Владата на Србија.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on