Хаг: Кареманс не можe да биде кривично гонет за Сребреница

Од:

Судот во Холандија денеска пресуди дека генералот во пензија Том Кареманс, кој командувал со холандските мировници во Сребреница, нема да биде кривично гонет.

Во одлуката на воениот оддел на Вишиот суд во Арнхем се наведува дека Кареманс не може да биде кривично гонет врз основа на командна одговорност.

Семејствата на три жртви на масакрот во Сребреница побарале Кареманс и уште двајца припадници на холандските мировни сили да бидат гонети за смртта на овие лица, бидејќи, како што тврдат, им го предале на Србите, наместо да ги заштитат.

Застапничката на семејствата на жртвите во Сребреница претходно рече дека ќе се обрати пред судот во Арнхем и оти, во случај овој чекор да не биде успешен, ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во одвоен случај, Апелациониот суд во Хаг, на 5 јули 2011 година, по тужба на тројца Босанци, одлучи дека холандската држава е одговорна за нивната смрт во време на геноцидот на повеќе од 8.000 Босанци во Сребреница, извршен во 1995 година.

Апелациониот суд оцени дека холандскиот баталјон во рамки на мировните сили на ОН, чија задача била да ја заштити енкалавата Сребреница, „не требало да им ги предаде луѓето на Србите“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов