Груевски-Дачиќ: Односите исклучително добри, приоритет економската соработка

Од:

Постоечките исклучително добри пријателски односи, обостраната посветеност и подготвеност за континуирано продлабочување и надградување на добрососедските односи во функција на просперитетот на двете држави и на регионот со посебен акцент на продлабочување на економската соработка и трговската размена, беа темите на кои денеска во Скопје разговараа премиерите на Македонија и на Србија, Никола Груевски и Ивица Дачиќ.

Како што нагласи премиерот Груевски, разговарано е и за реализација на инфраструктурни проекти, надградување на транспортните и енергетските капацитети и обезбедување на енергетска стабилност во регионот, како и финализирање на активностите на Коридорот 10.
Груевски ја истакнал и поддршката на македонската Влада за разработката, анализата и изработка на студии за проектот „Дунав – Морава – Вардар – Солун“.

– Помеѓу двете држави немаме некои крупни отворени прашања, меѓутоа останува прашањето кое ги оптоварува двата народа на релација МПЦ – СПЦ. Тоа не е во наша директна надлежност како политичари и премиери, тоа е пред се во надлежност на самите цркви и тие тоа треба да го решат, но ние како одговорни луѓе сме секогаш подготвени да помогнеме доколку тоа е потребно и се побара од нас во правец на затворање на ова прашање, изјави на заедничката прес-конференција претседателот на макеоднската Влада Никола Груевски.

Српскиот премиер Дачиќ, меѓу другото, нагласи дека неговата земја е за мир и стабилност во целиот регион затоа што смета дека со дијалог можат да се решат сите отворени прашања. Подготвени сме, нагласи тој, да помогнеме и да посредуваме во решавањето на црковното прашање.

Според Дачиќ, постојат само две прашања кои можат, како што рече, да се наречат проблематични, а едното е односот помеѓу двете цркви, а другото е односот кон Косово и Метохија за што, потенцира, се разликуваат позициите на Србија и на Македонија.

– Ние како политичари и премиери сакаме да помогнеме во однос на ова прашање. За нас во Македонија тоа е значајно прашање, но на крајот мора да биде решено од самите цркви, уште еднаш повтори премиерот Груевски, додека пак српскиот премиер Дачиќ на новинарското прашање дали оваа година ќе можеме да го прославиме 2 Август во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, потсети дека тоа е објект на СПЦ. Како држава Србија сака да посредува во работите, односно да се дојде до некое одржливо решение кое во овој момент би било прифатливо за сите.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on