Грција: Заштитните маски од утре задолжителни во продавниците, но не и во црквите

Од:

Во продавниците за малопродажба, продавниците за храна, како што се фурни и месарници, во јавните служби што работат со странки, како и во фризерските и козметичките салони, Грција од утре воведува задолжително носење маска, како за граѓаните, така и за вработените, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 150 евра.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на денешната прес-конференција, соопштувајќи ја одлуката порача дека граѓаните ќе треба да научат да живеат со маска.

Додаде дека освен новата мерка, продолжуваат да важат правилата за користење маска во супермаркети, јавен превоз, болници и слично.

– Од утре во сила се следните мерки: употребата на маска е задолжителна за сите, вработени и странки во јавните служби, банките и останатите служби што работат со странки, во супермаркети и продавници за храна, во јавниот превоз и такси возилата, во лифтовите, во болниците, ординациите и дијагностичките центри, во малопродажбата, во фризерските и козметичките салони. Маската, исто така, е задолжителна за вработените во угостителството, рече Хардаљас и ја повтори силната препорака за употреба на маска во сите други затворени простори, но и на отворено, каде што има многу луѓе и не може да се држи растојание.

Иако вчера портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас спомена дека се разгледува можноста да се воведе задолжителна употреба на маска и за верниците во црквите, сепак, Хардаљас рече дека мнозинството од црквите ги почитуваат превентивните мерки.

Говорејќи за текот на епидемијата во земјата, тој истакна дека од почетокот, односно од 25 февруари заклучно со 26 јули 2020 година, во Грција се регистрирани 4.193 случаи на Ковид-19 од кои 429 се активни, а починаа 202 лица.

Во однос на контролите спроведени на влезните точки во земјата, Харадаљас соопшти дека од почетокот на месецов, заклучно со 26 јули во Грција влегле вкупно 1.294.798 посетители, биле направени 171.138 тестови и потврдени 344 позитивни случаи.

Од нив, 70 се активни, 213 се вратиле во нивните земји на потекло, 61 не се активни и остануваат во Грција.

Додека, пак, четири од првите пет земји со најголем број позитивни случаи се држави од Балканот.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе