Грција внимателно ќе го проучи одговорот од македонска страна на предлог-меморандумот

Од:

Откако министерот за надворешни работи Никола Попоски преку писмо до неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос му одговори на предлог-меморандумот за разбирање, следува куса реакција  од грчкото МНР.

„Министерството за надворешни работи денеска, 5-ти ноември 2012 година, го доби одговорот од поранешната југословенска Република Македонија на предлогот од 3-ти октомври 2012 година за потпишување Меморандум за разбирање меѓу двете земји. Одговорот ќе биде проучен внимателно од грчката влада и ќе следи став по него”, соопшти во понеделникот грчкото министерство за надворешни работи

Грчката влада ќе го проучи одговорот од Македонија на предлогот за потпишување Меморандумот за разбирање меѓу двете земји кој беше испратен на 3 октомври, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Македонскиот амбасадор во Грција Сашко Стефков, вчера, , го врачи писмото . Во него Попоски оценува дека предлагањето Меморандумот е одговор на иницијативите од македонска страна за интензивирање на соработката меѓу двете земји, а се посочува и на писмото од македонскиот премиер Никола Груевски до неговиот грчки колега Антонис Самарас. Македонскиот министер во одговорот посочува на Времената спогодба, но и на хашката пресуда, како основа на која треба да се темелат односите меѓу двете земји.

„Секако треба да се нагласи дека предложениот нацрт Меморандум за разбирање во голема мерка ги реафирмира некои од основните начела на Времената спогодба од 1995. година, чии што заложби се сe‘ уште исклучително значајни и секако не се исцрпени. Тие вклучуваат неповредливост на границите, почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, воздржување од закана за употреба или од употреба на сила, немешање во внатрешните работи на другата страна, унапредување на добрососедските односи, како и соработката во многу значајни области“, му пишува Попоски на Аврамопулос.

Попоски изразува надеж дека Грција ќе се согласи со оценката на Европската комисија, според која, стартот на пристапните преговори со Европската унија ќе придонесе за поповолни услови за надминување на спорот за името. „Наша цврста заложба е надминување на разликата околу името. Ова ќе биде придобивка за двете земји и за регионот во целина“, се вели во писмото на Попоск., кој на крајот упатува и покана до Аврамопулос да го посети Скопје во најскоро време, а ја повторува и поканата упатена од Груевски до Самарас за средба на кое било место и во  кое и да е време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов