Грција сака да ги отвори туристичките места на 14 мај, ќе привлекува гости со слоганот „Сè што сакаш е Грција“

Од:

Под слоганот „All you want is Greece“ (Сè што сакаш е Грција), и со почитување на здравствените протоколи, со вакцинација, негативен тест или антитела на посетителите, Грција има амбиција на 14 мај да го отвори туризмот, согласно планот што денеска го презентираше министерот за туризам на Харис Теохарис во рамките на Меѓународниот саем во Берлин.

-Имајќи го предвид спроведувањето на здравствените протоколи, се стремиме да го отвориме туризмот на 14 мај, истакна Теохарис и додаде дека ги ажурираат здравствените протоколи од минатата година, кои планирано е да бидат тестирани на почеток на април со земјите од ЕУ и со земји кои имаат висок процент на вакцинирани како што е Израел.

Сепак, истакна дека датумите поврзани со отворањето се индикативни и може да се променат, во зависност од развојот на ситуацијата, но потенцираше дека Грција е подготвена „со комплетен протокол за лето 2021“.

-Туристите се добредојдени ако пред патувањето или се вакцинирани или имаат антитела или негативен тест. Сите туристи ќе бидат предмет на случајно тестирање, слично на минатата година, базирано на нашиот ЕВА систем. А секако, важна разлика е тоа што оваа година можеме да користиме брзи тестови. Тоа значи дека изолацијата ќе започнува веднаш, без да се чека 24 часа, по сместувањето во собите, рече Теохарис и додаде дека исто како и лани, така и следново лето трошоците за лекување или грижа на туристите во случај на Ковид-19, ќе биде на товар на државата.

Паралелно истакна дека сите правила што важи за грчките граѓани, ќе важи и за посетителите, без исклучоци, а како пример ја спомена задолжителната употреба на маска на јавни места.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески