Грција: Продолжен полицискиот час, нови рестриктивни мерки во Атина

Од:

Полицискиот час, ограничување на движењето со задолжителното испраќање смс пораки со една од шест опции, задолжителна употреба на маска, како и забрана за движење меѓу региони, се мерките кои повторно се продолжени во Грција, а од утре наутро земјата е поделена на две зони: жолта и црвена, во кои ќе важат посебни правила и мерки.

Новите одлуки на грчката Влада, по препораките на Комисијата на епидемиолози, попладнево беа соопштени на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција.

Заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас објасни дека во двете зони, ќе важат посебни мерки, а во црвената, односно во регионите со зголемена опасност, вклучени се десет делови од Грција меѓу кои и Атина и регионот Атика.

Во оваа зона, полицискиот час е од 18 часот, со исклучок на Атина, каде што е и понатаму ќе биде од 21 часот, а продавниците ќе бидат затворени и ќе работат само со услугите „click away“.

За продавниците за облека, обувки и книжарниците се воведува услугата „click inside “, односно посета на продавница по претходно закажан и одреден термин.

Во црвените зони, од понеделник ќе се отворат и дел од средните училишта (за учениците од 12 до 15 години), а „постарите“ средношколци ќе продолжат со онлајн настава.

Останатиот, поголемиот дел од Грција е во првата група, односно во жолтата зона (под надзор), каде што продавниците ќе продолжат регуларно со работа, но за граѓаните ќе биде задолжително испраќање смс порака и ќе имаат на располагање два часа, а средношколците од понеделник ќе се вратат во училишните клупи.

И за двете зони, освен рестриктивните мерки, остануваат во сила и одлуките што се однесуваат на онлајн предавања за студентите, редовна настава во основните училишта, регуларната работа на градинките, работа од дома или на смени во јавниот и приватниот сектор (доколку е можно), а работата на фризерските и козметички салони, берберниците, центрите за регистрација на возила, кои ќе продолжат да работата како до сега со претходно закажан термин.

Хардаљас истакна дека во зависност од епидемиолошките податоци, региони, периферии, општини, може од жолтата да бидат префрлени во црвената зона и обратно.

Се затвораат продавниците во Атина

Само 11 дена откако беа отворени, продавниците во Атина, како и во останатите девет области што се во црвената зона, од утре ќе бидат затворени и ќе работат само со услугите „click away“ и „click inside“ за продавниците за облека, обувки и книжарите.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис, на прес конференцијата објасни дека причината за оваа одлука е да се избегнат гужвите на улиците.

-Гужвите што ги видовме минатиот петок и минатата сабота на централните улици, несомнено предизвикуваат многу голема загриженост, истакна Георгиадис.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески