Грција ќе го поддржува туризмот со 420 милиони евра

Од:

Капитал за почеток, односно субвенција до 400.000 евра ќе може да добијат туристичките бизниси во Грција во рамките на новата програма за поддршка што денеска ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот со претставниците од туристичкиот сектор, а ќе може да достигне до 420 милиони евра.

Средствата за грчката програма се откако Европската комисија одобри помош за Грција во висина од 800 милиони евра.

Програмата на Владата, како што објасни Мицотакис на состанокот, го опфаќа целиот спектар на туристички бизниси: хотели, сместувања, соби за изнајмување и кампови, но и туристички агенции и туристички автобуси.

– Пред сè говориме за поддршка на малите и средни претпријатија. Средствата се целосно обезбедени, помошта за првата категорија, односно за сместувањето, ќе биде еднаква на 5 отсто од прометот на секоја компанија во 2019 година. Додека за втората категорија изнесува 2, 5 проценти. Условот е ист со условите што ги поставивме за соодветната програма за угостителство, односно да има намалување на прометот за 30 отсто и секако компаниите да имаат барем еден вработен, објасни Мицотакис.

На почетокот на состанокот грчкиот премиер се осврна и на официјалниот старт за европскиот дигитален ковид сертификат во Грција и во уште шест земји од ЕУ.

-Тоа беше идејата што ние ја започнавме на почетокот на јануари. Воопшто не беше очигледно дека ќе можеме да ја спроведеме на европско ниво. Обично за да се донесе европска регулатива, потребни се години. Во конкретниот случај, доволни беа само два месеци за ова да стане реалност. И сигурно е многу важно во пресрет на туристичката сезона, рече Мицотакис и откри дека лично тој веќе го извадил неговиот сертификат.
2

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски