Грција ги отвара и внатрешните делови на угостителските објекти за новата туристичка сезона

Од:

Од денес во Грција се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите, додека пак на организираните плажи дозволено е да се постават маси, да се пушта музика и да се служат алкохолни пијалаци.

Паралелно, од денеска, по речиси тримесечен прекин, почнува грчкото фудбалско првенство.

Дополнителното олабавување на мерките е во рамките на планот на грчката Влада за постепено враќање на земјата во „новата нормалност“.

Во внатрешниот дел на кафулињата и угостителските објекти, дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде 90 сантиметри, едно метро и 20 сантиметри или едно метро и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.

За рестораните во хотелите е предвидена шведска маса, тогаш ќе има задолжен келнер или вработен во хотелот што ќе ги послужува гостите, а за ќе треба да има и заштитен плексиглас.

Гостите, задолжително ќе треба да одржуваат растојание од еден и пол метар.

Со исклучок на неколку конкретни бизниси и активности, Грција, до почетокот на следниот месец се очекува целосно да се врати во „новата нормалност“, откако ќе се спроведат и новите фази од планот на грчката Влада за дополнително олабавување на мерките.

Од понеделник почнуваат со работа ноќните клубови и коцкарниците, од 15 јуни, фитнес центрите и музеите, од 1 јули е дозволено одржување конференции и концерти, а секако сите ќе работат под конкретни правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски