Грција: 99 смртни случаи од Ковид-19 и 2.018 новозаразени

Од:

Во изминатите 24 часа од коронавирусот во Грција починаа 99 лица, додека пак регистрирани се 2.018 нови случаи, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје.

Од новозаразените, 562 се во Солун, 408 во Атика (поширокиот регион на Атина), 115 во Лариса, а останатите во 44 различни региони во Грција.

Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 608 пациенти, 11 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 99.306 позитивни лица на Ковид-19 и 2.001 смртен случај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски