Грчката црква најави собири за Водици и покрај владината забрана

Од:

Светиот Синод на Грчката православна црква, денеска одржа вонреден состанок за владините мерки за Водици и соопшти дека „не се согласуваат со мерките и инсистираат на она што беше првично договорено, а паралелно наредуваат црквите да останат отворени за учество на верниците на литургија и осветувањето на водите во црквите.

Меѓу мерките што грчката Влада ги соопшти за оваа седмица е и забрана за отворање на црквите во среда за Водици, иако пред празниците беше соопштено за време на карантинот исклучок ќе има за Божиќ, Нова година и за Водици кога литургиите ќе може да се одржат со присуство на верници.

Токму затоа, Светиот Синод на ГПЦ денеска одржа состанок и го изрази своето несогласување со мерките на грчката Влада и соопштуваат дека испратиле протесно писмо до Владата, „сметајќи го дијалогот како единствено средство за решавање на разликите што се однесуваат на односите меѓу државата и религиозните заедници“.

Дополнително упатуваат апел како до Европската унија, така и до грчката Влада да ги преземат неопходните чекори за веднаш да се обезбеди доволен број одобрени вакцини за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески