Градоначалникот на Марибор поднесува оставка

Од:

Градоначалникот на Марибор Франц Канглер, кој минатата недела беше подложен на серија критики во Словенија поради наводните докази за неговата вмешаност во корупција, најави дека денеска и покрај претходното одбивање на таквиот чекор, ќе поднесе оставка, со цел неговите сограѓани да не трпат насилство.

Тој на овој чекор, како што јавуваат словенечките медиуми, се одлучил за да ги заштити своето семејство, припадниците на полицијата и своите соработници.

Обвинувајќи го Канглер за корупција жителите на Марибор изминатите недели организираа неколку протести, од кои најмасовните беа одржани на 26 ноември, со учество на повеќе од десет илјади граѓани, организирани преку социјалната мрежа Фејсбук.

Во меѓувреме протестите се проширија и на останатите градови, а немирите станаа составен дел од демонстрациите на незадоволните граѓани, кои бараат оставка на претставниците на власта на сите нивоа.

Полицијата предупреди дека меѓу демонстрантите се уфрлуваат екстремистички групи и хулигани, кои ги напаѓаат силите за безбедност, што го зголемува ризикот на кои се изложени учеснииците во протестите.

Групата „незадоволни“, кои на „Фејсбук“ бараат оставка од Канглер брои околу 31 илјада лица, а барањата да се повлече ескалираа поради незадоволството со одлуката на градските власти на приватна фирма да и се препушти наплаќањето на казните за пребрзо возење во градот.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он