Голем број Хрвати ги продаваат јахтите на Турци

Од:

Овогодишниот меѓународен наутички саем „Croatia Boat Sow“, кој денеска е отворен во Сплит, по површината и бројот на бродовите никогаш не бил помал, а директорот на саемот Виченцо Благаиќ изјави дека голем број Хрвати одлучиле да ги продадат јахтите и тоа пред се во Турција.

– Оние кои имаат пари, сега не купуваат бродови. Од друга страна, потешко е да се наговорат банките да финансираат купување брод. Многу традиционални изложувачи, произведувачи на бродови, изминатите две години не продале ниту еден брод, така што немаат ниту за плати на своите работници, рече Благаиќ.

– Тешко е да се испрати некоја позитивна порака во вакви времиња. сепак преживеавме и искрено се надеваме дека ова е последната тешка година, изјави тој на отварањето на саемот.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами