Гласањето за прием на Косово во Интерпол можно е да се одложи

Од:

Гласањето за прием на Косово во Интерпол можно е да се одложи за уште една година, објави „Коха диторе“.

– Постои можност, гласањето да биде одложено за уште една година. Државите кои го поддржуваат Косово побараа гласањето да биде одложено, изјави косовскиот министер за надворешни работи Емануел Демај.

– Сепак, тие информации се уште не се официјални, а официјално ќе бидат познати пред генералното собрание на Интерпол, додаде тој, пренесува Танјуг.

За членство во Интерпол, на Косово му требаат две третини од 190 земји-членки, а независноста на земјата е призната од 114 членки на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски