Ѓукановиќ: Не е вистина дека го одземаме имотот на СПЦ

Од:

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека законот за слобода на религијата не се занимава со Црногорската православна црква (ЦПЦ), иако идејата за нејзино обновување има историска основа.

Тој рече дека нацрт-законот за слобода на религијата нема да биде повлечен од дневниот ред и дека тој и Владата имаат апсолутен легитимитет да го разгледаат тоа прашање.

Ѓукановиќ посочи дека тој не го предложил тој предлог-закон и затоа нема да го повлече, како што му сугерира опозицијата.

– Тоа прашање е на дневен ред, не на мој предлог, и затоа не може да биде ниту повлечено со моја воља, како што ми се сугерира, рече Ѓукановиќ во Собранието на Црна Гора.

Тој истакна дека со предложениот закон правно се регулира статусот на верските заедници и предупреди дека била објавена апсолутна лага дека се одзема имотот на Српската православна црква (СПЦ) стекнат до 1918 година.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора