ФОТО: Симпатизери го испратија Јанша до затвор

Од:

-Во Словенија треба да се рехабилитираат зборовите чесност и чест, особено во политиката која стана обична маскарада и каде што зборот чест не постои, рече поранешниот словенечки премиер, Јанез Јанша во својот говор, во кој им се заблагодари на своите симпатизери, кои го испратија до затвор и додаде дека во таму има повеќе чесни луѓе отколку во политиката, пренесуваат агенциите.

janez-jansha-zatvor0

Тој вчера учестуваше во телевизиско предизборно соочување со претседателите на словенечките политички партии, при што покрај политичарите ги осуди и медиумите за наводно пристрасно известување за неговиот случај и судење, на кое доби две години казна затвор, поради корупциската афера „Патрија“.

janez-jansha-zatvor1

Според пресудата, Јанша во 2006 година, додека беше премиер од посредници на „Патрија“ прифатил ветување дека ќе добие парична награда, доколку таа фирма го добие тендерот за снабдување на словенечката армија со оклопни возила, вреден 278 милиони евра.

janez-jansha-zatvor3

Оваа пресуда може да ја укине единствено Врховниот суд, до кој Јанша поднесе жалба, но одлуката од оваа институција се уште не е донесена. janez-jansha-zatvor4 janez-jansha-zatvor2 janez-jansha-zatvor

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он