Фајон повторно предупреди на проблемот со лажните азиланти

Од:

Известувачот на ЕП за визна либералзиација Тања Фајон денеска повторно предупреди на проблемот на лажни азиланти и на опасноста дека поради тоа може да биде суспендиран безвизниот режим, но нагласи дека во ЕУ не е постигната согласност околу воведувањето на таквиот механизам.

Три години по воведувањето на безвизниот режим за Србија, Македонија и Црна Гора, шест земји на ЕУ и потписници на Шенгенскиот договор – Германија, Франција, Белгија, Луксембург, Холандија и Шведска – побараа во октомври во случај на злоупотреба да се укине на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

Претставници на Европскиот совет, Комисијата и Парламентот вчера не успеаја да се договорат околу механизмот за суспензија на безвизниот режим.

– Тристрани преговори за Шенген зоната и азилантите. Ги приближивме ставовите, но би било подобро ако Советот беше малку пофлексибилен, објави вчера Малмстром на микроблогот, без да објави повеќе детали.

И Тања Фајон наведе дека нема единствен став меѓу членките на ЕУ.

– Вчера имавме расправа во Советот и отфрлен е предлогот на ЕП. Немам договор, што значи дека најверојатно ќе почне втор круг преговори во следната година. Зависи колку ќе трае целата постапка. Не очекувам дека брзо ќе најдеме некое решение бидејќи нашите ставови се различни, рече таа.

Предупредувајќи оти опасност постои бидејќи механизмот би требало да биде усвоен следната година, таа изрази надеж дека безвизниот режим ќе остане во сила.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски