Европарламентот им оддаде почит на жртвите од Сребреница

Од:

На почетокот на пленарната сесија на Европскиот парламент, европратениците им оддадоа почит на жртвите од масакрот во Сребреница, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Ова злостроство не требаше да се случи. Наш колективен неуспех е што неуспеавме да го спречиме и тоа за нас претставува срам, изјави во својот говор претседателот на Европарламнетот, Мартин Шулц.

Тој притоа им оддаде почит на жртвите и им изрази искрени сочувства на нивните семејства.

– Ние не треба никогаш да ја заборавиме Сребреница, бидејќи не може да има помирување пред да бидат признати страдањата и болките, рече Шулц, оценувајќи го како „отровна реторика“ популистичкото поттикнување за етничкото чистење кое го отврои патото за редифиниција на границите и кое ги негираше мултиетничките и мултирелигионзите корени на Балканот. – Ние треба да се грижиме за да не се рагорат старите демони, ниту да се поттикнуваат нови, предупреди претседателот на Европарламентот.

Тој нагласи дека вратата на Европа останува отворена за оние кои ќе тргнат по патот на демократијата и правната држава, „со заедничко разбирање дека помирувањето е витално за безбедснота и соработката на западен Блакан“.

Во Сребреница пред дваесет години на 11 и 12 јули 1995 година беа убиени повеќе од 8.000 Бошњаци, во најголемото злосторство извршено на територијата на Европа по Втората светска војна. Во 2007 година, Хашкиот суд го прогласи масакрот за геноцид.

Европскиот парламент досега има усвоено две резолуции за Сребреница, но претставникот на пратеничката група на либералите, Иван Јаковчиќ апелираше во четврток да биде усвоена уште една резолуција, како поддршка од европратениците и со цел „геноцидот да биде одбележан со достоинство“.

Усвојувањето на резолуцијате е предвидено за в четврток во рамки на дебатата посветена на 20-годишнината од масакрот во Сребреница

Вчера европратениците Јозо Радош од Хрватска, Едуард Кукан од Словачка и Словенците Тања Фајон и Игор Шолтес, пред влезот во пленарната сала на сите европартеници им поделија рачно изработени рози од страна на членките на здружението „Мајките на Сребреница и Жепа”, со цел како што рекоа да „потсетуваат дека таков ужасно кривично дело никогаш повеќе не смее да се повтори“.

На комеморацијата во Сребреница на 11 јули , Европскиот парламент ќе го претставува потпретседателката Улрике Лунацек.

Би можело да ве интересира

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он