ЕУ одобри 130 милиони евра за изградба на затворени центри за бегалци и мигранти на три грчки острови

Од:

Европската Комисија позитивно одговорила и одобрила финансиска помош за Грција во висина од 130 милиони евра за изградба на три затворени и контролирани центри за бегалци и мигранти на грчките острови Самос, Лерос и Кос, јави дописничката на МИА од Атина.

-Европската Комисија во дописот до Министерството „ги поздравува напорите што ги прави Министерството за миграција и азил за справување со ситуацијата со мигрантите во Грција и целосно ја препознава итната потреба за оваа финансиска поддршка“, соопштуваат од Министерството за миграција и азил и Грција.

Говорејќи за мигрантското прашање на денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, рече дека во изминатите четири месеци за 93,12 отсто биле намалени брановите бегалци и мигранти на островите.

Во периодот април-јули 2020 година пристигнале 850 лица, наспроти 12.363 истиот период лани.

На островите Хиос, Кос и Лерос, во изминатите четири месеци не било регистрирано ниту едно ново пристигнување, на Самос пристигнале само осум лица, а на Лезбос имало намалување за 85 отсто.

Паралелно, како што рече Пецас, продолжува и префрлањето на бегалци од островите во континенталниот дел на земјата и за чеири месеци биле префрлени 11.295, лица, наспроти 3.186.

-Владата, како следна цел го поставува зајакнувањето на безбедноста во центрите, во корист како на оние кои престојуваат таму, така и на локалното население, истакна Пецас.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги апси сите кои го поттикнуваат движењето против заштитните маски

А1он

Грција: Со Турција не преговараме, туку разговараме

А1он

Ќе се апсат оние кои поттикнуваат „Движењето против употреба на маска“ во Грција

Ана Ололовска

Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители

Ана Ололовска

Грција најави нов круг прелиминарни контакти со Турција наскоро

А1он

Ердоган во Турција тужи грчки новинари поради навредливата насловна страница

А1он