ЕУ: Без демаркација на границата нема визна либерализација за Косово

Од:

Првиот човек на Директоратот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон денеска порача дека Владата во Приштина мора да го реши прашањето за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, доколку сака ЕУ да ги укине визите за влез на косовските граѓани во Унијата.

– Демаркацијата на границата со Црна Гора е многу значајно прашање, кое е еден од клучните услови за визна либерализација. Кога станува збор за ова прашање критериумите се јавно познати и ние советуваме како да се гледа на нив и како тие да се реализираат. Тоа секако е задача на Владата на Косово, а од наша страна ветувањето е јасно, кога овој услов ќе биде исполнет Европската комисија е подготвена да предложи визна либерализација, изјави Даниелсон на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај по нивната средба во Приштина.

Даниелсон истакна дека освен демаркацијата, клучни услови за добивање визна либерализација за Косово, се и успешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

– Еден од предизвиците во напорите за реформи е и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Тоа е многу значајно за Косово, но и за создавање на поволна бизнис клима, рече Даниелсон.

Како што јави дописникот на МИА, покрај со Харадинај, Даниелсон попладнево се сретна и со косовската министерка за евоинтеграции Дурата Хоџа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт