ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

Од:

Европската Унија бара разјаснување и ги анализира причините, мотивите и можните последици од одлуката на Приштина, еврото да биде единствената валута која ќе се користи во Косово, вели портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

„Од Косово и Србија се очекува да избегнуваат преземање на некоординирани постапки кои не придонесуваат за нормализација на односите и кои може да имаат негативно влијание врз стабилноста на теренот“, рече Стано.

Тој посочува дека Унијата ги повикува двете Србија и Косово ова прашање да го решаваат во рамки на дијалогот кој се спроведува под нејзино покровителство.

Согласно уредбата на косовската Централна банка, од февруари единствена валута што ќе се користи во земјата ќе биде еврото, кое веќе се користи во најголемиот дел од Косово, освен во деловите каде мнозинството од населението се Срби, а кои го употребуваат српскиот динар.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Доларот зајакна во однос на еврото

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски