Ештон: Србија и Косово постигнаа договор

Од:

На денешната десетта рунда од разговорите меѓу делегациите на Белград и на Приштина во Брисел, Србија и Косово постигнаа договор, објави посредникот во дијалогот Кетрин Ештон.

Таа им честиташе на двете делегации предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за покажаната храброст.

„Прифатени се сите српски предлози“, рече првиот потпретседател на владата на Србија Александар Вучиќ.

Заедницата на српски општини на Косово ќе има претседател, потпретседател и Совет, како и право да избира регионален командир на полицијата, и четири командири во четирите општини на северот и на југот на Косово, секаде каде што Србите се мнозинство, a војската на Косово нема да смее да влегува во српскиот дел.

Претседателот на Владата на Србија истакна дека ова е најдобриот предлог досега за Белград, и дека точката девет која се однесува на прашањето за полицијата и изборот на регионален командир останала, а од точката 14 е исфрлена реченицата дека Србија не смее да го блокира Косово во меѓународните организации, туку во процесот на евроинтеграции.

Дачиќ потенцираше дека не го потпишал договорот, туку само го парафирал, а за предлог текстот ќе се одлучува во следните деневи во Белград и во Приштина.

-Белград во понеделник писмено ќе ја извести високата претстваничка на ЕУ, Кетрин Ештон дали го прифаќа договорот или не, рече Дачиќ.

Ештон им честиташе на двајцата премири, Дачиќ и Тачи и кажа дека парафирањето на текстот е важен чекор кон Европа.

-Сакам да им честитам на двете страни за покажаната храброст, напиша Ештон.

Делегацијата на Србија во седиштето на НАТО ќе разговара за гаранциите за неприсуство на косовската војска на северот и за гаранциите за безбедност на Србите на Косово.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски