Ерјавец: Словенија има надворешна политика која е во согласност со националните интереси на земјата

Од:

Словенија спроведува надворешна политика во согласност со националните интереси на земјата, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец по разговорите во Љубљана со својот руски колега Сергеј Лавров.

– Ние не спроведуваме проамериканска или проруска политика, туку само онаа што им служи на словенечките интереси, истакна Ерјавец, но дополни дека Словенија треба да ги исполнува своите обврски како членка на ЕУ и НАТО.

Лавров, од своја страна, истакна дека Русија високо ја цени позицијата на Словенија во односите на Москва со ЕУ и со НАТО.

– При разгледување на меѓународните прашања, високо го оценивме ставот на Словенија за односите меѓу Руската Федерација и ЕУ и меѓу Русија и НАТО, што значи дека членството во овие структури не подразбира дека треба да се прекинат односите со сите други членки на меѓународната заедница, колку и тоа некој да го посакува, изјави Лавров.

Тој истакна дека Русија, како и Словенија, е подготвена да комуницира со која било друга влада што е отворена за рамноправна, взаемно корисна, избалансирана соработка.

– Мислам дека е апсолутно погрешно и штетно некои земји да се соочат со лажен избор – или сте со Запад или со Исток, вели Лавров.

– За жал, некои наши западни колеги имаат таква логика во односите со земјите од Западен Балкан, а и не само таму, рече рускиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он