Ердоган поддржува заедничка турско-иранска акција против курдските бунтовници

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека со началникот на иранскиот Генералштаб генерал Мохамад Багери, разговарале за евентуална заедничка воена операција против „курдски терористички групи”, при неговата посета на Турција минатата седмица.

– Началниците на генералштабовите на Турција и Иран разговараа за заеднички борбени дејствија против екстремистички организации, коишто претставуваат закана за нас. Таа тема постојано е на дневен ред. Јас исто така разговарав на таа тема со Багери, истакна Ердоган, имајќи ги предвид Курдската работничка партија (ПКК) во Турција и Партијата за слободен живот во Курдистан, која е активна во Иран.

За време на посетата, генерал Багери оствари средба и со својот турски колега Хулуси Акар. Фокусот беше ставен на прашањето за безбедноста на заедничката граница и борбата со тероризмот. Договорена беше и размена на разузнавачки податоци и засилување на воената соработка.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси