Ердоган: Немаме за што да разговараме со Грција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во Прага дека во моментов нема ништо за што би вредело да се разговара со Грција и ја обвини Атина дека својата политика ја заснова врз „лаги“.

„Тие не се таму каде што треба да бидат“, рече Ердоган на синоќешната прес-конференција.

Според него, целата политика на Грците се заснова врз лаги и оти не се чесни.

„Немаме што да разговараме со Грција“, рече Ердоган.

Тој уште изјави дека дека Атина ја разбрала пораката на Анкара кога турските власти рекоа „би можеле ненадејно да пристигнеме една ноќ“ – коментар што грчките и уште некои западни претставници го осудија како закана за соседната држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица