Ердоган на Самарас ќе му даде таен извештај за тренинг кампови на курдските терористи во Грција

Од:

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган на својот грчки колега Андонис Самарас ќе му даде таен извештај, со информација за постоење на тренинг кампови за курдски терористи во Грција, соопшти грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на написи во турските медиуми.

Се планира тоа да се случи во рамки на посетата на Самарас на Анкара, на 4 и 5 март.

Според турскиот весник „Акшам“, во извештајот, изготвен од турската разузнавачка агенција МИТ, има детали, односно список со сите курдски терористи за кои се претпоставува дека постојано престојуваат во Грција.

Неколку пати во минатото Анкара тврдеше дека вакви тренинг кампови има во областа Атика, во Лаврио, Китеа, Оропос и Дилеси. Атина ги отрфла овие тврдења и ги оценува како обид за наметнување политички притисок, посочува весникот.

Весникот „Акшам“ забележува дека Ердоган ќе побара Атина да биде порешителна во одговорот на молбите за екстрадиција на осомничени курдски терористи од Грција во Турција.

Тврдењата дека Ердоган и Самарас на нивната минатомесечна средба во Катар го разгледале прашањето за тернинг камповите на членовите на Курдската работничка партија (ПКК) брзо беа демантирани од Атина.

Грчки дипломатски извори вчера соопштија дека Грција изразила нервоза за начинот на кој Анкара дејствува. Истите извори забележуваат дека Атина е категорична во одлучноста за борба против тероризмот, а позицијата на Ердоган е дека сите европски држави го толерираат тероризмот.

Се очекува турскиот премиер со својот грчки колега да разгледаат серија „жешки“ прашања, вклучувајќи ги правата на муслиманското малцинство во северногрчката област Тракија и недостигот од џамија во Атина. Самарас го одбил предлогот на Турција за финансирање на изградбата на молитвен храм во грчката престолнина. Заменик министерот за надворешни работи на Грција, Константинос Циарас, пред извесно време во парламентот изјави дека Атина нема да прифати турско мешање во проектот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица