Епидемијата во Србија пак се засилува – скоро 3.500 заразени и 17 починати во едно деноноќие

Од:

Во Србија во изминатите 24 часа се регистрирани 3.460 новозаразени лица со коронавирусот, а 17 пациенти починале, соопштија здравствените власти во земјата. Тестирани биле околу 15.000 граѓани.

Во моментов, 152 пациенти се приклучени на респиратори во српските болници.

Според официјалните податоци, во изминатото деноноќие најмногу нови случаи се регистрирани во Белград (1.105), во Нови Сад (198), Ниш (186) и Крагуевац (122).

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов