ЕК ја заштити словенечката “Крањска клобаса”, извисувајќи ја хрватската “Крањска кобасица”

Од:

Европската комисија денеска одобри додавање на новиот словенечки производ “Крањска клобаса” во регистарот на заштитени географски ознаки.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова е удар за Хрватска, која пред година ипол стана 28-ма земја-членка на Европската унија, а каде исто така се произведува производ наречен “Крањска кобасица”.

Сепак, како што објави хрватската Влада во ноември минатата година, Хрватите добиле дозвола во следните години да го користат името “Крањска кобасица”, но како европски производ, сега ќе биде претставена “клобасата” на Словенците.

Инаку, словенечката „Крањска клобаса” е полу-траен колбас, направен од мелено свинско месо и маст, зачинета е со морска сол, лук и бибер и умерено топло-пушена на букови дрва. Како што појаснија од неформалната Влада на Унијата, словенечката „клобаса” е претставена во пакет од еден пар на колбаси како висат на дрвена шпилка и истите се препорачува најпрво да се загреат во топла вода пред употребата.

Деноминацијата на словенечката “Крањска клобаса” ќе биде додадена на листата од повеќе од 1.200 производи што веќе се заштитени во рамки на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он