ЕК ги поздрави српските власти за начинот на справување со ситуацијата на натпреварот

Од:

Европската комисија ги поздрави денеска српските власти за начинот на кој се справиле со ситуацијата на вчерашниот фудбалски натпревар во Белград меѓу тимовите на Србија и на Албанија, кој беше прекинат во 42-та минута.

– Според нас српските власти покажаа професионализам при справувањето со ситуацијата, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на високиот претставник за  надворешна политика и безбедност на Европската унија, Кетрин Ештон.

– Разочарани сме од тоа што се случи. Не ги прифаќаме забелешките на некои медиуми дека ЕУ е вмешана во тој инцидент. Политиката не треба да се користи за провокации на стадионите, додаде Коцијанчич.

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016. беше прекинат синоќа во 42-та минута по инцидентот со албанското знаме.

Братот на албанскиот премиер, Орфи Рама беше уапсен синоќа во ВИП ложата на стадионот „Партизан“, под сомнение дека го организирал и раководел со инцидентот со албанското знаме, по што натпреварот беше прекинат. Подоцна тој беше ослободен и вратен во Албанија.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ