Еди Рама: Посетата зависи од српските власти

Од:

Албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека е подготвен да го посети Белград и покрај инцидентот на фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Србија, но дека посетата зависи од српските власти.

-Подготвен сум да одам, од нив зависи дали ќе ме поканат- рече тој.

Инаку Рама ги отфрли наводите дека неговиот брат Олси управувал со беспилотното летало, на кое беше закачено знамето на таканаречената Голема Албанија.

-Не го направи тоа мојот брат, ниту некој од 45-те Албанци кои во тој момент беа на стадионот. Знаеме како тоа го прави пропагандата на Студената војна и политиката на Балкан- наведе албанкиот премиер.

Инаку Рама потсетидека ова би бил прв состанок на шефови на влади на двете држави по 68 години, што укажува на проблеми и недоверба.

-Политиката не треба да биде водена од фудбалски натпревар и време е да се оди напред – изјави тој, а на својот профил на „Твитер “ напиша дека Голема Албанија не е проект на Албанија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река