Еден загинат во пожар во магацин на „Меркатор“ во Љубљана

Од:

Едно лице загина во голем пожар што избувна во магацин на словенечкиот трговски синџир „Меркатор“ во љубљанската приградска населба Залог.

Командирот на љубљанските пожарникари Томаж Кучиќ изјави дека во пожарот загинал еден од вработените во „Меркатор“. Во пожарот е повредено и едно лице, кое е хоспитализирано.

Огнот го уништи централниот магацин за свежи производи, месо, овошје и зеленчук.

Во гаснење на неколкучасовниот пожар учествувале околу 180 пожарникари. Засега официјално не е позната причината за пожарот, како ни големината на штетата.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он