Две сестри пронајдени починати во стан, едната над главата имала перница

Од:

Денеска во стан во зграда во улицата Маркo Полo на Бежаниска Коса се пронајдени тела на две жени, а на теренот има многу полицајци и во униформи и во цивилна облека.

Според првите информации, станува збор за убиство и самоубиство, а повеќе детали ќе бидат познати по истрагата која е во тек.

– Слушнавме дека се работи за убиство и самоубиство и дека полицијата нашла грозоморна глетка и дека во станот имало многу крв – вели еден соседот и додава дека две жени кои се на возраст од околу 80 години живееле во станот и дека наводно се сестри.

Соседите за српски Курир велат дека управителот на зградата и некои станари пронашле тела на две постари жени.

– Една од жените е Јелисавета Ѓ., чиј стан е на последниот кат од зградата. Имаше непријатна миризба и никој не ги видел некое време, па соседите отишле да проверат. Случајот го пријавиле во полиција, која им ги нашла телата – вели еден сосед.

Во станот биле видливи траги од крв, а на едно од телата имало перница над главата.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски