Динкиќ: Србија треба да го прифати предложеното решение за Косово

Од:

Српскиот министер за финансии и економија и лидер на партијата Обединети региони на Србија, Млаѓан Динкиќ денеска изјави дека Белград би требало да го прифати предложеното решение за Косово, бидејќи Србија нема шанса како изолирана земја.

– Ќе имаме единствен став и сметам дека ќе се оди во тој правец. Треба да се затвори дел од историјата и да се свртиме кон иднината, без да се заборават Србите кои живеат во Косово. Историјата не научи дека колку повеќе се чека, толку решенијата стануваат полоши, истакна Динкиќ.

Тој, како што пренесе „Блиц“, смета дека треба да се оди кон ЕУ и да се прифати решение со кое ќе се започнат трајни и стабилни односи со Приштина, но дека не треба да се заборават косовските Срби.

– Ако не биде постигнат договор, последиците ќе бидат штетни и ќе паднеме во индиректна изолација, за што Србија не треба ни да помислува. Никој од нас не сака да се откажуваме од помошта за косовските Срби, доколку Србија е економски слаба, тогаш таа не може да им помогне, додаде српскиот министер.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија