Дежер: Го разбирам Дачиќ, но до датумот има уште работа

Од:

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер денес изјави дека е многу важно преговорите на ЕУ и Србија да се отворат, но дека во тој правец има уште многу нешта да се направат.

Коментирајќи ја изјавата на српскиот премиер дека на Србија не и е потребно зелено светло, туку датум, наведе дека ги разбира за очекувањата.

-Ова е она што го предложија Ештон и Европската комисија, така што се надеваме дека ќе се отворат преговорите. Но има уште многу нешта што треба да се направат-изјави тој.

Дежер додаде дека кога ќе се направи се што е неопходно, Србија сигурно ќе добие зелено светло.

Српскиот премиер вчера порача дека за неговата држава не е прифатливо на 28-ми јуни да не добие датум за почеток на преговорите, туку само „зелено светло“ и дека тоа може да ја загрози примената на бриселскиот договор.

-Тоа зелено светло-не сме ние сообраќајници. Нас не интересира позитивна одлука на Советот на ЕУ, доколку тоа не го добиеме мислам дека сме измамени-изјави Дачиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија