Деветтата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина заврши без договор, можно е продолжение

Од:

Деветтата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија заврши по 15 часа, без договор, но овој пат на страните во разговорите им е понуден документ, кој според српскиот преговарачки тим, значително е поповолен од решенијата, кои досега се нудеа.

Во обраќањето до новинарите двете страни по разговорите изразија подготвеност за продолжение на дијалогот и постигнување договор, но и со мошне остра реторика изнесоа различни предлози за спорните прашања, јави Танјуг.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград бил подготвен да ја прифати бриселската спогодба за овластувањата на заедниците на српските општини, но оти косовскиот премиер Хашим Тачи ја минирал таа можност со врзување на тој проблем со членството на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги и Обединетите нации, што српската делегација не прифатила.

– Имаше 15 точки, тие за нас се прифатливи, освен обидот да се врзе прашањето за полицијата на северот со члеството на Косово во меѓународните организации, рече Дачиќ.

Тој додаде дека разговорите била тешки, и се заблагодари на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетри Ештон за предлозите, кои како што рече се многу поприфатливи од претходните фази и наведе дека во доста прашања ставовите се мошне приближени.

Српскиот премиер смета дека е можно следните денови да биде направен исчекор, дека Србија е посветена на постигнувањето на решението, дека српската делегација била единствена и правела се во согласност со српските интереси.

– Не дојдовме да го опструираме дијалогот, туку да постигнеме решение, максимално правејќи големи, тешки и болни компромиси. Ние ги прифативме сите предлози на Ештон, додека Тачи сакаше прашањето на полицијата да го врзе со членството на Косово во меѓународните организации, што не е дел од темите за кои разговаравме, тоа е всушност единствената тема, која е уфрлена без ред, рече Дачиќ. Тој додаде дека е некоректна интерпретенацијата на Тачи дека Белград го одбил предлогот.

– Одбивме прашањето на полицијата да биде условено со членството на Косово во меѓународните организации, но сакаме овој проблем да се реши позитивно, заклучи премиерот.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, пак изјави дека Приштина досега ги прифатила сите предлози на Ештон, вклучувајќи ги и вчерашните, а дека Белград е тој го одбивал, но додаде оти се надева дека во следните минути, денови, ќе го смени мислењето.

– Ова е трет пат Србија да го одбива предогот, а Косово да го прифаќа, рече Тачи и додаде дека „спогодбата не може да се постигне со логиката и главата на Шешељ“.

Ештон ги повика Белград и Приштина да ги разгледуваат понудените предлози и да согледаат дали е можно да е постигне договор и потсети дека до понеделник има малку време.

– Јазот меѓу двете страни е тесен и плиток, рече Ештон, за разлика од нејзината оценка по осмата рунда кога рече дека јазот е „тесен и длабок“.

Спогодбата, која им е понудена на двете страни се состои од 15 точки, а посебен проблем претставуваше 14. точка, која се однесува на учеството на двете страни во процесот на европските интеграции.

Албанската страна тоа е го прифаќа и сака таа формулација да се однесува на членството на Косово во меѓународните организации, а како проблем го посочува и прелодгот во областа на полицијата.

Повеќе на преговарачката маса не е претходниот предлог дека општините Јужна Митровица, Вучитрн и Србица во кои Албанците се мнозинство треба да се вклучат во заедицата на српските општини, со што би се променила етничката слика за регионот.

Подобрувањето пред се се однесува на надлежностите на Заедницата на српските општини во областа на полицијата, каде ЗСО би имала непосредна надлежмност за избор на регионалчен командант и општински командант.

Во однос на правосудството предлогот предвидува поголеми надлежности, односно подобро уредување на судовите, што овозможува српските судии да имаат поголемо присуство на северот и во средините во кои живеат Срби.

Инаку деветтата рунда од дијалогот е закажана ненадејно, откако двете страни изразуваа подготвеност за продолжување на разговорите, поради што Ештон упати повик со надеж дека договорот ќе биде постигнат.

По 15 часа, неколку одвоени и заеднички средби, паузи, вербални судири и многу остри зборови, кои преговарачите си ги упатија едни на други, овој пат дијалогот е завршен со тоа што е деаден рок до понеделник, Белград и Приштина да се изјаснат за понудениот документ по принципот „земи го цел пакет или остави“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски