Демостат: Мала разлика меѓу процентот на граѓани кои се за власта и оние кои се за опозицијата

Од:

Во Србија мала е разликата, од само два отсто, меѓу граѓаните кои ја поддржуваат актуелната власт и оние граѓани кои сметаат дека би било добро власта да се смени, покажува истражувањето на Демостат, јави дописиникот на МИА од Белград.

На прашањето кои политички партии им се поблиски, 40 отсто од испитаниците одговориле дека тоа се партиите од власта, а 35 отсто оние од опозицијата. Кога станува збор за односот на граѓаните кон промената на власта, 32 отсто сметаат дека актуелната власт е добра, само два отсто помалку сметаат дека би било добро некој друг да биде на власт, покажува истражувањето на 1.223 телефонски анкетирани граѓани.

-Не сум подготвен да кажам дека овој однос ќе биде на изборите во недела на 3 април. Финтата е што граѓаните покажуваат негативен однос кон власта, но сепак гласаат за таа власт. Зошто се случува ова е прашање од милион долари, изјави на прес конференција истражувачот на Демостат Среќко Михаиловиќ, кој додаде дека „предизборната состојба во Србија денес е полоша од 1990 година и полоша од 2000 година“.

На прашањето дали изборите ќе бидат слободни и фер, 43 отсто од испитаниците одговориле негативно.

-Тоа е верување кое навистина го одзема легитимитетот на овие избори, посочи Михаиловиќ.

Во прилог на тезата за нелегитимни избори, истражувачот на Демостат ја додава високата политички мотивирана апстиненција, медиумскиот монопол на доминантната партија и функционерска кампања.

Тој кажа и дека најчестиот одговор на луѓето зошто не излегуваат на гласање е дека нивниот глас не може ништо да промени.

-Таков став имаат 45 отсто од испитаниците, а 14 отсто имаат мислење дека навистина не им е важно кој е на власт, истакна Михаиловиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ