Демонстрантите не се откажуваат од своите барања, антивладините протести во Бугарија продолжуваат

Од:

Денес е 27 ден од антивладините протести и блокади во Бугарија. Три раскрсници во Софија остануваат затворени, а не се отстрануваат и шаторските кампови на Орловиот Мост, плоштадот Независност како и пред Ректоратот.

Поради блокадата во сообраќајот што го создадоа демонстрантите, утрово имаше сообраќаен метеж на повеќето главни раскрсници во градот.

Бугарските медиуми информираат дека е поставен нов шаторски камп во Варна, во непосредна близина пред општината, а претходно поставената барикада останува во Стара Загора.

Во Софија и оваа вечер, незадоволните граѓани се собраа пред бугарската влада. Кратко време по 21 часот, тие се упатија кон Орловиот Мост, пренесе „БНТ“.

Онаму каде сообраќајот е попречен поради поставените шатори, возилата не можат да се сообраќаат низ „окупираните“ улици, тоа не важи за возилата на итната помош, велат демонстрантите кои најавија дека нема да се тргнат ниту да попуштат поради притисоците, се додека актуелната влада не поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада