Делегацијата на Србија го пречека Туск

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск допатува во Белград, каде што ќе разговара со највисоките државни лица.

Туск пред палатата на Србија го пречека делегација на Србија предводена од премиерот Ивица Дачиќ, министрите Расим Љајиќ, Млаѓан Динкиќ и други.

Додека трае разговорот помеѓу Дачиќ и Туск, во исто време и првиот потпретседател на владата на Србија, Александар Вучиќ има билатерален состанок со полскиот колега Томас Сиемониак.

На средбата е предвидено потпишување на два договори. Едниот е договор од областа на одбраната помеѓу двете влади, кој што ќе го потпишат Вучиќ и Сиемониак.

Како што е најавено ќе се потпише и Меморандум за соработка во областа на европските интеграции помеѓу министерствата за надворешни работи на двете држави.

Во рамките на посетата во Белград, полскиот премиер ќе разговара и со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија