Делегации на Белград и Приштина во Брисел ќе разговараат за изборите

Од:

Во организација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Брисел делегации на Белград и Приштина ќе разговараат за подготовка на ноемвриските избори во Косово.

Една од темите ќе бдат и пријавите за гласање на внатрешно раселените Срби, кои се спорни за Приштина.

ОБСЕ претседава со работна група за изборите, во рамки на преговорите за нормализација на односите.

Состанокот се одржува во седиштето на Европската надворешно-политичка служба, на чие чело е Кетрин Ештон.

На состанокот ќе бидат делегации на Приштина и на Централна изборна комисија. Тимот на Србија ќе го предводи Вељко Одаловиќ, генерален секретар на Владата.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски