Дармановиќ: Демаркацијата на границата со Косово за Црна Гора е завршена работа

Од:

Шефот на косовската дипломатија и прв вицепремиер Беџет Пацоли, кој денеска престојуваше во Подгорица, на средбата со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ, искажале спротвставени ставови во врска со демаркацијата на границата меѓу нивните две земји.

Пацоли, според електронското издание на приштинскот весник „Експрес“ изјави дека ратифкацијата на договорот за одбележување на границата од косовска страна во овој миг е неможно и побара од црногорскиот колега да имаат разбирање.

– Ви благодарам за се она што го направивте за Косово. Ни помогнавте бидејќи не признавте како независна држава. Свесни сме дека договорот е потпишан, но ве замолуваме да имате трпение, посочи Пацоли.

Од друга страна, црногорскиот министер побара договорот да биде ратификуван.

– Имаме разбирање за процесите во Косово и очекуваме договорот за демаркацијата на границата да биде ратификуван, изјави Дармановиќ.

Според него прашањето за демаркацијата на границата со Косово за Црна Гора е завршена работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов