„Данас“: Вучиќ во разговори со поранешни министри од кабинетите на Блер и Тачер

Од:

Вицепремиерот на Србија, Александар Вучиќ разговарал со двајца авторитетни политичари и експерти Стивен Баерс и Питер Лили за можноста да бидат негови советници за економија, објави „Данас“.

Конечен договор не е постигнат и консултациите ќе продолжат, наведува весникот. Баерс и Лили се членови на различни партии. Баерс е лабурист и беше член на кабинетот на Тони Блер, а конзервативецот Лили беше член на владата на Тачер и Мејџор, а сега е пратеник во британскиот парламент.

Се смета дека меѓу причините за интерес на Вучиќ за потенцијални соработници од Велика Британија е и тоа што британскиот амбасадор во Белград Мајкл Давенпорт во септември станува шеф на делегацијата на ЕУ во Србија и силната „британска врска“ би можела да биде многу корисна за српската Влада, додава весникот.

„Данас“ укажува дека Вучиќ во изминатите неколку недели води интензивни разговори со експерти за финансии и економија од повеќе европски држави за да се ангажираат во советничкиот тим во реконструираната влада на Србија. Медиумски најатрактивно име е Доминик Строс Кан, поранешен шеф на ММФ, кој би можел да биде главен економски советник на Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on