„Данас“: Српскиот премиер на 27. мај ќе престојува во официјална посета на Албанија

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ на 27. мај ќе замине во официјална посета на Албанија, соопшти весникот „Данас“.

Тоа ќе биде првата официјална посета на српски претставник на највисоко ниво во историјата на односите на двете соседни земји, подвлече весникот.

Дури ни Јосип Броз Тито, за време на своето 35-годишно владеење со СФРЈ, никогаш не беше во официјална посета на Албанија.

Домаќин на српскиот премиер ќе му биде албанскиот колега Еди Рама, кој беше во Белград на 10 ноември минатата година, во првата официјална посета на еден албански претставник на највисоко ниво во последните 68 години, потсети весникот.

Пооследен пат пред тоа Енвер Хоџа, поранешниот долгогодишен албански претседател, ја посетил Србија во 1946 година како гостин на Тито. Тоа беше првата и единствена средба на највисоко ниво на тогашните државни раководители на Југославија и Албанија.

Советникот на албанскиот премиер, Шкељзен Маличи, по повод најавената посета, изјави дека премиерите Рама и Вучиќ „ трасираат важен крстопат на патот што ќе биде оска на мирот и стабилноста во регионот“.

Тој соопшти дека премиерите ќе разговараат за реализацијата на инфраструктурни проекти, и конкретно за магистралниот пат Драч-Ниш.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски