„Данас“: Србија во ЕУ кога Косово ќе стане член на ОН

Од:

Германија нема да ја ратификува спогодбата за прием на Србија во ЕУ се додека Косово не биде примено во ОН како полноправна земја-член, пишува белградски „Данас“, повикувајќи се изјава на пратеник на германскиот Бундестаг.

Весникот не го открива идентитетот на пратеникот, освен што посочува дека станува збор за член на германската владејачка коалиција, но посочува дека овој извор открил дека на политичкото раководство на Србија, уште пред две години му било посочено дека членството на Косово во ОН е услов за Србија да влезе во ЕУ.

Во изјавата за белградскиот весник, германскиот пратеник рекол дека официјален Берлин ќе мора да разговара со премиерот Александар Вучиќ и со раководствата на другите српски партии, околу тоа, што за Белград значи нормализацијата на односите со Косово.

– Од српска страна, се уште нема одговор за тоа како се толкува формулацијата нормализација на односите меѓу Белгард и Приштина, но за Германија, тоа е сосема јасно – Косово да биде член на ОН, ја пренесува „Данас“ изјавата на германскиот пратеник.

Ова е првпат да се споменува членството на Косово во Светската организација како услов за Србија за нејзиниот влез во ЕУ. Брисел и порано и сега посочува дека нема да се бара Белград да ја признае косовската независност.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија