„Данас“: Никогаш помала поддршка за влез на Србија во ЕУ

Од:

Поддршката на граѓаните на Србија за влез на земјата во Европската унија опадна на најниското ниво во последната деценија и изнесува 41 отсто, пишува весникот „Данас“, пренесувајќи го истражувањето кое во декември минатата година го направи за потребите на владината канцеларија за европски интеграции.

Истражувањето покажува дека во втората половина на 2012 година дошло до натамашно значајно опаѓање на евроентузијазмот, и тоа во однос на јуни за цели осум отсто.

Претседателот на Форумот за меѓународни односи на Европското движење во Србија Предраг Симиќ истакнува дека тоа покажува дека земјата се наоѓа во апсурдна ситуација.

-Сите парламентарни партии, освен ДСС, се за европски интеграции на земјата, а поддршката на овие интеграции опадна на 41 отсто. Овој податок говори дека 59 отсто од граѓаните не веруваат дека Србија, дури ни за 10 или 15 години, ќе влезе во ЕУ, бидејќи тоа никој не и го гарантира, објаснува Симиќ.

Според него, причина за така малата поддршка е ситуацијата околу Косово и неизвесниот датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on