„Данас“: Косовскиот офицер за врска во Белград ќе биде Љуљзим Пеци

Од:

Косовски офицер за врска во Белград би требало да биде актуелниот косовски амбасадор во Шведска, Љуљзим Пеци, кој на должност треба да стапи во март, објави денеска српскиот весник „Данас“.

Весникот повикувајќи се на неофицијални извори наведува дека службата во Белград претходно ја одбил косовскиот амбасадор во Македонија, Иљбер Хиса.

Српските медиуми како единствен кандидат на српската Влада за офицер за врска во Приштина го посочуваат поранешниот државен секретар во Министерството за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ.

Неименувани извори за „Данас“ тврдат дека неговото именување е неизвесно и оти тоа место може да го добие кадар на Социјалистичката партија на Србија (СПС).

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски