Дачиќ: Нема потреба Тачи да доаѓа во Белград

Од:

Во врска со најавите дека шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи кон крајот на месецов ќе престојува во Белград, денеска се огласи српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјавувајќи дека тој „нема потреба да доаѓа“.

Како што јави Танјуг, на покана на невладината организација „Амбасадори на мирот“, Тачи треба да учествува на собир на кој се поканети министрите за надворешни работи на четири балкански земји.

– Тој собир не го организира Владата на Србија. Јас не ни планирав да учествувам на собирот, така што не верувам дека е потребно Хашим Тачи да доаѓа во Белград, изјави Дачиќ на заедничката прес-конференција со неговиот колега од Замбија, Хaри Калаба, кој престојува во посета на Србија.

Дачиќ нагласи дека од медиумите дознал оти Тачи е поканет да допатува во Белград и дека за тоа никој не се консултурал од српските власти.

– Ја почитувам работата на разни институти, невладини организации и академии, но се што навлегува во државната политика на Србија не смее да се прави без консултации со Владата, додаде Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија